ЖивотУбави совети

Медитеранска диета за килограми минус и здравје плус!

Исхрана на постарите е голема тема, бидејќи тоа значи консумирање здрава храна, која можеби нема да може да го продолжи животот, но може да го направи да биде квалитетен. За здрав и квалитетен живот, здрава исхрана е медитеранска диета. Експертите посочуваат примери од Сардинија и Крит, каде што луѓето живеат најдолго. Жителите на Крит, на пример, целиот свој живот во исхраната користат маслиново масло, риба и многу зеленчук и овошје, а маснотиите од животинско потекло тие ги сведуваат на минимум.

Нивниот пример треба да се следи од страна на другите, па ако немате пари за скапи морски плодови, треба да користите риба, таа е исто така богата со омега-3 масни киселини и одговара речиси за сечиј џеб. Заедно со рибата да се јаде со што повеќе зелечкук се препорачува.

Важно е во текот на денот да имате пет умерени оброци, каде што закуската може да биде јаболко или чаша безмасно млеко. Инаку, телото постојано го следи она што се случува, велат експертите. Кога сфаќа дека јадеме еднаш дневно, организмот почнува да складира храна. Најважо е, да не се почувствува глад во текот на денот.

Старите луѓе не ја препознаваат жедта, па затоа треба да се потсетат за земање вода или чај во текот на денот. Кафето е дозволено, но во умерени количини. Една чаша вино е исто така корисна. Три литри вода во текот на денот, за посакуванта тежина се идеални.

Поврзани статии

Back to top button