Од васУбави муабети

Една разведена жена советува: јас згрешив, немојте и вие!

Советите доаѓаат од жена која излегла од седум годишен брак. Вели дека и сопругата и сопругот треба да се вложуваат во бракот доколку сакаат тој да трае. Во продолжение неколку совети кои ќе и се најдат на секоја мажена жена!

  • Барајте го најдоборото во него. Постојат позитивни и негативни карактеристики кај секој жив човек, секогаш фокусирајте се на позитивните!
  • Бидете сексуално активни. Физичката интимност е исто толку важна колку и емоционалната.
  • Барајте добри совети од постарите жени кои имаат успешен брак: Понекогаш ви е потребен добар совет за да ве спречи да постапите погрешно.
  • Дозволете му да му се замрзне мозокот. Нека има време да здивне сам…
  • Не вложувајте премногу напори за да го промените.
  • Пофалете ја неговата мажественост: Секој се чувствува добро кога некој го фали. Зошто тогаш вашиот маж не добие некоја пофалба?
  • Смејсте се на неговите шеги, нека има чувство дека ве радува.
  • Не го критикувајте, уште повеќе ќе ја влошите ситуацијата.
  • Делата нека говорат повеќе од зборовите.
  • Бидете до него кога сте му потребна. Децата нека поминат викенд кај баба и дедо а вие двајца заедно.
  • Не полнете го со комплекси, мажите и онака имаат ниска самодоверба.
  • Кога е потребно дозволети му да ви помогне, да заврши некоја “машка” работа во домот. Колку и да можете да го средите тоа вие сами, натерајте го он да се почувствува дека само он тоа може да го среди.
  • Излегувајте заедно барем еднаш во месецот.
  • Трошете време разговарајќи за секојдневни работи, раскажувајте си и зближувајте се се повеќе и повеќе.
  • Изненадете го понекогаш со неговото омилено благо или вино.
  • Без повод излезете на романтична вечера и однесувајте се како да сте момче и девојка.
  • Не се расправајте за неважни ситници, не згорчувајте си го животот залудно.
  • Внесвајте убавина во живеењето, оти жената е способна да ги нареди работите како што таа сака, па нека биде секојдневието убаво!

Поврзани статии

Back to top button