3 Психолошки книги што ке ти го променат начинот на размислување

Во свет полн со стрес и секојдневен метеж, вистинската книга понекогаш е сè што ни треба за да се вратиме во баланс, да се разбереме себеси подобро и да најдеме мотивација за позитивна промена. Психолошките книги нè водат низ длабоките слоеви на умот, нè учат како да ги препознаеме сопствените навики, емоции и мисли – и да ги искористиме во наша полза.
Во продолжение ти откриваме три внимателно одбрани книги кои не само што ќе ти отворат нови видици, туку и ќе те мотивираат да станеш најдобрата верзија од себе.
Ти си Ѕвер (Џен Синсеро) Од авторката на Њујорк Тајмс бестселерите „Ти си ѕвер“ и „Ти си ѕвер за правење пари“, џебен помошник за остварување на вашите цели и инспирација која можете да ја носите со себе секаде за да ве води во вашата трансформација. За сите оние кои имаат проблем да останат мотивирани во мисијата да станат ѕверови, „Ти си ѕвер: секој ден“ е практичен придружник кој ќе ја освежува вашата мотивација, ќе ја зајакнува вашата благодарност и ќе ги потхранува вашите амбиции. Со стотина вежби, размислувања и потсетувања кои можете секојдневно да ги користите за да го престроите вашиот ум и да го одржувате вашиот фокус на правилен пат, овој прирачник ги сумира главните и најважните поенти од нејзините претходни книги кои ви помагаат да ја откриете моќта за ѕверство – што е првиот чекор во создавањето на животот кој го заслужувате. „Ти си ѕвер: секој ден“ е алатка за одговорност која можете да ја носите во џебот за да ви помага при секојдневните животни пречки, за надминување на сомнежи кои ве спречуваат да го достигнете својот полн потенцијал и за одржување на огнот на одлучност при остварување на вашите цели.
Добри однатре (Д-р Беки Кенеди) Доктор Беки Кенеди, психолог и популарен експерт за родителство, го споделува својот револуционерен пристап кон воспитувањето на децата и нуди практични стратегии за родителство. Нејзиниот пристап промовира цврсти граници, родителски авторитет и силно водство, притоа не заборавајќи ги позитивните односи, довербата и почитта. Во изминатите неколку години, доктор Беки Кенеди предизвика родителска револуција. Милиони родители, уморни од следењето на советите кои или не функционираат или едноставно не се чинат исправни, го прифатија моќниот и ефективен пристап на доктор Беки, модел кој дава приоритет на поврзувањето со нашите деца, наместо на нивно поправање. На родителите многу долго им се продава модел на воспитување на децата, кој едноставно не функционира. Од сложени системи за наградување, до казни или праќање во ќош, многу популарни родителски пристапи се засноваат на обликување на однесувањето, а не на воспитување луѓе. Овие техники не ги градат вештините што им се потребни на децата за живот, ниту ги објаснуваат нивните сложени емоционални потреби. Во Добри однатре, доктор Беки ја споделува својата родителска филозофија, комплетирана со изводливи стратегии, кои ќе им помогнат на родителите да преминат од несигурност и самообвинување кон самодоверба и цврсто лидерство. Ова е нов начин на воспитување, со главна цел: да им се помогне на децата да стекнат саморегулација, самодоверба и издржливост за цел живот.
Школа за извонредност (Луис Хаус) Кога поради сериозна повреда останува без работа и практично живее на каучот на сестра му, познатиот професионален рагбист Луис Хаус сфаќа дека мора да направи некоја промена во животот. Почнува да контактира со луѓе на кои им се воодушевува, во потрага по ментори, а и да ги применува советите на старите тренери, пренасочувајќи ги од спортот директно во животот. И успева да изгради мултимилионски онлајн бизнис. Во Школа за извонредност, Хаус ги споделува најважните совети и навики на голем број извонредни луѓе, сѐ што дознал од нив за тоа како да се живее извонреден живот. Низ разговори со спортски шампиони и бизнисмени милијардери, Хаус се обидува да открие што е потребно за да бидеме извонредни во животот, успешни на секое поле, и да достигнеме величие кое не го достигнува баш секој. И сфаќа дека овие великани не се успешни затоа што им се насмеала среќата во животот или едноставно се родени исклучително талентирани, туку имаат одредени навики и алатки со кои ги надминуваат пречките во животот. Школа за извонредност е водич за личен развој кој ви дава алатки, знаење и ресурси за остварување на вашиот максимален потенцијал. Лекциите на Хаус докажуваат дека секој е способен за постигнување исклучителен успех и дека сите можеме да се стремиме кон извонредност во нашите секојдневни животи.