Убави книги и филмови

Книгите кои оваа пролет мора да ги прочитате!

Правете работи кои ве радуваат, работи кои ве исполнуваат и ве надградуваат. Читајте секогаш и секаде.

Слаткоречив туѓинец (Лиса Клејпас) Џек Тревис има прилично едноставен и некомплициран живот како тексашки милионер и плејбој. Тој не дава никакви ветувања, љуби многу жени и живее за задоволство. Но вистината е дека никој никогаш ја нема допрено неговата душа и нема стигнато до неговото срце. Тој е нескротлив и безгрижен сѐ до моментот кога една жена му се појавува на врата со видлив бес на лицето и бебе во рацете. Лутата жена е тетка на бебето и таа тврди дека Џек е таткото на бебето. Вистинската мајка го напуштила детето, препуштајќи ѝ ја грижата за него на својата поодговорна сестра. И сега, од Џек се бара да преземе одговорност за првпат во животот. Со неодолива романтична тензија и ликови кои се толку живи што чиниш чекорат по страниците и влегуваат директно во твоето срце, Лиса Клејпас повторно создала една од оние приказни кои те засмеваат, расплакуваат и оставаат вечна трага во твоето срце и ум.

Под црвеното небо (Марк Саливен) Под црвеното небо на Марк Саливен е базирана врз вистинска и нераскажана приказна од Втората светска војна. Приказната го следи животот на заборавениот херој Пино Лела, 17-годишно момче од Италија кое ги предводело Евреите во нивното бегство од нацистите преку Алпите. Назначен за возач на еден од најмоќните нацистички функционери во Италија, тој добива увид во најстрого чуваните тајни, истовремено сведочејќи за злосторствата на војната. Неговата храброст e поттикната од неговата љубов кон Ана, и сонот за заеднички живот. Ова е еден незаборавен и неодолив историски роман, триумфална, епска приказна за неверојатната храброст и издржливост за време на најмрачните часови во историјата. Јасно претставувајќи ги главните ликови и нивните емоции, Саливен ни ја прикажува војната каква што навистина е и како може да влијае врз луѓето на различен начин. Возбудлива сага за историјата, неизвесноста и љубовта која заслужува да биде раскажана.

Девојките од песочниот замок (Крис Бохџалијан) 1915 година. Елизабет Ендикот пристигнува како волонтер од Бостон во Алепо, Сирија. Стотици илјади ерменски жени и деца се прогонети од своите домови во Отоманската Империја! Ерменскиот геноцид го уништил семејството на младиот инженер Армен. Кога Армен заминува од Алепо и патува во Египет за да се приклучи на британските трупи, почнува да ѝ пишува писма на Елизабет. Полека сфаќа дека е вљубен и дека, ако не најде начин да се врати, ризикува да ја изгуби засекогаш! Години подоцна, ја запознаваме Лора Петросијан, романсиерка од Њујорк. Иако дневната соба во домот на нејзините баба и дедо била наречена „Отомански анекс“, таа никогаш не му придавала голема важност на своето ерменско потекло. Но, кога една стара пријателка ќе ѝ се јави, тврдејќи дека на изложба во Бостон видела фотографија од баба ѝ, Лора тргнува на патување низ историјата на своето семејство, кое ѝ открива љубов, загуба и вознемирувачка тајна закопана за идните генерации…

Поврзани статии

Back to top button