Убави книги и филмови

Предлог книги за убав ден!

За денес одбравме три супер возбудливи книги. Книги кои вредат да бидат прочитани. Читајте секогаш и секаде, оти богат е оној кој чита!

Искра надеж (Џулијан Меклеј) Неверојатен роман за љубовта, загубата и храброста на една жена за време на војната. По уништувачкото предавство од саканиот, Џилијан Гибонс заминува во својот семеен дом бидејќи има ужасна потреба за бегство од реалноста. Но тогаш таму наоѓа стара фотографија од нејзината баба во прегратките на нацистички офицер и нејзиниот живот станува уште покомплициран. Заинтригирана од новото откритие, Џилијан се обидува да ја открие вистината која стои зад фотографијата, па тргнува на епско патување низ минатото. 1939 година: Aнглија се наоѓа на раб на војна додека Вивијан се вљубува во згоден британски војник, но кога започнува одекнувањето на бомбите и прекрасниот живот на Вивијан е уништен за секунда, таа прави сè за да ги заштити своите сакани. Како што Џилијан дознава повеќе за својата баба, така старата фотографија сè повеќе добива смисла. Но на секое одговорено прашање, се отвора ново. Соочена со неочекуваната вистина, Џилијан се обидува да го расветли не само мистериозното минато на нејзиното семејство, туку и својата иднина. Оваа безвременска, мултигенерациска сага е срцепарателен сведок за борбата на една жена да преживее, совршена за сите кои ја обожаваат ,,Славејот“од Кристин Хана.

Светецот, сурферот и директорот (Робин Шарма) На страниците на оваа извонредна книга ќе откриете практични, а сепак моќни методи за пресоздавање на вашиот живот и одново поврзување со своето најдобро јас. Напишана како интересна и искрена приказна, СВЕТЕЦОТ, СУРФЕРОТ И ДИРЕКТОРОТ ви дава моќен спој на длабока мудрост и практични животни лекции што ќе ви помогнат да ја откриете својата судбина, да ја живеете највисоката вистина како човечко суштество, и да ја најдете постојаната среќа што ја барате. Во овој револуционерен водич за живеење на својот живот на најавтентично ниво, ќе научите:
– како да ги разбудите вистинските дарби и силно да заблескате во светот
– како да ги претворите стравовите во слобода и раните во мудрост
– лекции што ќе ви помогнат да го усовршите умот, да го отворите срцето, и да го негувате духот
– едноставни методи за прекрасни врски исполнети со вистинска љубов
– начини за повторно воведување на авантурата, мистеријата и забавата во животот
– техники како да станете ѕвезда во кариерата и да привлечете богатство

Мојата прекрасна сопруга (Саманта Даунинг) Едно случајно убиство кај една млада брачна двојка ќе поттикне мрачни желби за игри што ги надминуваат границите на дозволеното. Нивната љубовна приказна е едноставна. Запознал прекрасна жена, се вљубиле и добиле деца. Заедно со својата жена се преселил во едно предградие. Откриле кои се нивните најголеми соништа, но и најмрачни тајни. Потоа сè им станало здодевно… Изгледаат како секоја нормална двојка. Тие се ваши соседи, родители на другарот на вашето дете, познајници со кои ќе седнете на вечера. Сите ние имаме тајни со чија помош го одржуваме бракот жив. Нивната е како да побегнат од одговорноста за убиствата. Тие се уигран тандем во кој секој ја знае својата улога. Но, кога едниот од нив ќе ги прекрши правилата на игра, одмаздата што го чека ќе биде страшна…

Поврзани статии

Back to top button