Убави книги и филмови

Драми кои ќе ве маѓепсаат уште на првата страница

Три драми кои ќе ве маѓепсаат и заинтересираат уште на првата страница. Семејни и љубовни врски, на малку поинаков начин…

Збогум (Ајше Кулин) Трогателна семејна приказна, која низ личните трагедии и победи прикажува поголема слика за последните моменти на големото османлиско царство и за подемот на републиката. Османлиската Империја ги одбројува последните денови, а високиот државен функционер Аџмед Рашат се обидува да го собере и зачува семејството во окупираниот Истамбул. Присилен да оди по тенката линија на судбината, Ахмед е растргнат меѓу лојалноста што му ја должи на султанот и потребата да им помогне на воените единици од Анатолија, предводени од харизматичниот генерал Мустафа Кемал, кои јуначки му даваат отпор на окупаторот. Додека опсадата и оковите на зимата се повеќе го притискаат Истанбул, во куќата на министерот Решат судбината, сепак, продолжува да ги исцрпува своите необични патишта- и покрај сите проблеми ќе процвета невозможна љубов и ќе покаже дека дури и во најнапнатите моменти на историските превирања животот не може да чека… Ајше Кулин раскажува за едно навидум обично семејство во Истанбул во клучен историски момент- низ нивните подеми и падови, надеж и очај, љубов и несреќа, гледаме како полека исчезнува една цела култура, а на нејзино место доаѓа ново време, кое со себе носи поинакви вредности и нови генерации.

Последниот воз за Инсанбул (Ајше Кулин) Ова е приказна за љубовта и бегството, испреплетена со историјата на еден од најразбрануваните периоди во Европа. Кога Селва, ќерката на еден од малубројните преостанати отомански паши, се вљуби во Рафаел, младиот Евреин, нејзиното семејство му се противи на бракот и ја отфрла. Решени да започнат нов живот, Селва и Рафаел заминуваат за Франција, меѓутоа, среќата и таму им го врти грбот.Почнува Втората светска војна, а младите љубовници ќе бидат вовлечени во ужасите на Хитлеровата идеологија. Додека нацистичката мрежа се стега околу нив, тие живеат во постојан страв дека ќе бидат фатени и испратени во концентрационен логор. Во исто време Турција и очајнички се обидува да избегне да биде вовлечена во војната, внимателно балансирајќи меѓу силите на Оската и Сојузниците….” Проткаена со волшебните мириси на Истанбул и мистичната атмосфера на Истокот, ова е приказна посветена на сите обични луѓе, неопеани херои кој заради идеалите ги ризикуваа животите.

Ткајачите на соништа од Техеран (Пјер Х.Лави) Вистинита приказна за Саид Глифоруш (алиас). Ова е приказна за тагата, болката, љубовта и надежта, што ја допира судбината на милиони деца кои се секојдневно експлоатирани во мемливите визби и темните тунели од страна на алчните трговци. „Ова е чудесна и чувствителна приказна која ја заслужува секоја можна награда од нациите во светот.“ -Автори без граници.

Поврзани статии

Back to top button