Убави книги и филмови

Ајде да читаме и да откриваме интересни приказни!

Денеска одбравме три интересни книги кои ќе ве оставав без здив и кои ќе ги запаметите засекогаш! 

Криј се (Лиса Гарднер) Имаш добра причина да се плашиш… Постои еден случај кој го прогонува детективот Боби Доџ до ден денес, случај кој за малку ќе го убиел, случај кој му го променил животот засекогаш. Нема многу места за бегање и криење…Што се случува кога веќе нема никој кому можеме да му веруваме? Што правиме кога веќе не останува место за криење?

Приказна за една мајка (Аманда Провс) Животот на Џесика тече подобро од сите нејзини очекувања и замисли. Таа си ја добива свадбата од соништата, го има совршениот маж, адвокатот Метју, и заедно купуваат прекрасна, скапа куќа во преубава населба. Најдоброто од сè е тоа што по само неколку месеци, чекаат дете. Додека ја уредуваат детската соба и купуваат бебешки работи, таа упорно ја чека радоста што треба да ја донесе мајчинството. Но искуството на Џесика е далеку од радосно и убаво. Зошто не ја трансформираат мајчински чувства? Каде е сè што треба да дојде – каде е таа инстантна љубов што треба да ја чувствува за нејзиното дете?

Ти си тој што го сакам (Џована Флечер) Меди, облечена во бело, стои на влезот од црквата. Пред олтарот се наоѓа Роб – човекот со кој ќе се мажи. До Роб стои Бен – кум и најдобар пријател на невестата и младоженецот. И тоа е проблемот. Затоа што ако пред олтарот не ја чекаше Роб, постои голема веројатност тоа да беше Бен. Лојалниот и чувствителен Бен кој отсекогаш си ги чувал чувствата за себе, но кога би се свртел сега да каже на Меди дека прави голема грешка, дали таа би слушала? И дали тој би бил во право? Тие се најдобри пријатели од детството; Меди, Бен и Роб – неразделни. Но љубовта менува сe. Меди мора да донесе одлука, но дали ќе ја донесе правилната? Нејзиното срце, а дефинитивно и срцата на двајцата најдобри момци што ги познава, зависат од тоа…

Поврзани статии

Back to top button