Убави книги и филмови

Книги кои ќе ги прочитате во еден здив

Војната нема женско лице (Светлана Алексиевич) Војната нема женско лице е една од најпознатите книги за војната. За време на Втората светска војна, околу еден милион жени се бореле на страната на Црвената армија, но за нив никогаш ништо не се пишува. Оваа книга ги собира на едно место спомените на стотици жени – снајперистки, тенкистки, болничарки. Ова е приказна за жените во текот на војната. Што ним им се случувало, како таа ги променила? Од што се плашеле? Како научиле да убиваат? Овие жени – повеќето првпат во својот живот – ја раскажуваат нехеројската страна на војната, која најчесто не е присутна во сеќавањата на ветераните. Тие говорат за валканоста и за студот, за гладот и за сексуалното насилство, за проблемите и за сенката на смртта. Алексиевич дозволува овие гласови да се слушнат во нејзината трогателна книга, првпат објавена во 1985 година. Авторката ја дополнила во 2002, преработувајќи ги деловите што биле цензурирани и додавајќи нови материјали што првично не било дозволено да се објават.

Мирисот на листовите чај (Дајна Џефрис) Сместена во дваесеттите години на минатиот век, приказната ја следи младата Англичанка Гвен, која има среќа да ја сретне љубовта на својот живот – русокосиот сопственик на плантажа од Цејлон (денес Шри Ланка). Таа доаѓа со пароброд на островот за да стапи во брак што ветува долг и мирен живот среде високите зелени ридови со чај. Но Лоренс е постојано на работа, а неговата млада сопруга мора сама да ја истражува плантажата. Талкајќи по забранетите места, Гвен наоѓа заклучена врата, премолчено минато. Гвен наскоро ќе остане бремена, а нејзиниот сопруг е пресреќен. По породувањето таа се соочува со страшната одлука што мора по секоја цена да ја скрие од Лоренс. Кога вистината ќе излезе на виделина, дали сопругот ќе може да ѝ го прости на Гвен тоа што го направила?

Американски брак (Тајари Џонс) Рој направил сè како што треба. Израснат во работничко семејство од Луизијана, се изборил за школарина во колеџот Морхаус. Кога се оженил со Селестијал, таа веќе напредувала во својата уметничка кариера. И тогаш, Рој е уапсен за дело што не го извршил. Од затворот во Луизијана, со сопругата разменуваат писма. Во меѓувреме, Селестијал ја обновува врската со стариот пријател Андре… „Американски брак“ е приказна за афро-американски брачен пар чиј живот темелно се менува кога сопругот невин завршува во затвор. Приказна за неправичноста на општеството кон афро-американците и мноштвото познати и непознати импликации на таа неправичност. Книгата е препорачана од Опра Винфри и Барак Обама.

Поврзани статии

Back to top button