Убави книги и филмови

Филм за убав ден

Романтичните комедии ни се омилени!

Денешниот предлог филм, со сигурност ќе ве насмее до солзи и ќе ви помогне да сфатите за тоа како фунционираат врските, според мажите.

Филмот “The Ugly Truth“ е режиран од Роберт Лукетик, а главните улоги ги толкуваат Кетрин Хејгл и Жерард Батлер.

Аби работи како продуцент на телевизиско утринско шоу и е во потрага по мажот кој ќе направи да се чувствува како кралица. Од друга страна, Мајк е водител на шоу во кое главни теми се машко-женските односи и сексот и смета дека сите мажи се исти, односно доволно е сексапилна глетка за да се предадат. Мајк доаѓа во емисијата на Аби во обид да ја спаси и да ја направи популарна и притоа ја советува за мажите. Аби започнува да се гледа со еден згоден доктор, а Мајк има план како да ја направи неодолива за нејзиниото ново момче.

Поврзани статии

Back to top button