Убави книги и филмови

Три книги за убав ден

За денес одбравме три книги кои се со супер интересна содржина, книги кои вредат да бидат прочитани!

Четирите ветришта (Кристин Хана) Тексас, 1934. Милиони се без работа и невидена суша ги пустоши Големите рамнини. Фармерите се борат да ја зачуваат својата земја, воедно и својата заработувачка за живот, но жетвата пропаѓа, водата се суши, а прашината се заканува дека ќе ги закопа сите. Пристигнува еден од најмрачните периоди од Големата депресија… и тоа многу злокобно. Во ова несигурно и опасно време, Елза Мартинели – како и многу од нејзините соседи – мора да донесе претешка одлука: дали да се бори за земјата која толку ја сака или да замине на запад, во Калифорнија, во потрага по подобар живот. Четирите ветришта е страшен портрет на Америка и американскиот сон, низ очите на една нескршлива жена чии храброст и жртва ќе станат дефиниција за една цела генерација. Авторката на „Славејот“ и „Збогум најмила“ ни подарува уште едно епско дело за љубовта, хероизмот и надежта – во еден од најклучните периоди за Америка – Големата депресија.

Господин вообразен (Вај Киленд / Пенелопо Вард) Утрото започна како и секое друго утро во возот. Сè додека вниманието не ми го привлече типот кој седеше отспротива.
Му се дереше некому на телефон небаре тој владее со светот. Кој ли си мислеше дека е арогантниов… Господ?
До душа, изгледаше баш како некој грчки бог.
Кога стигнавме до неговата станица, наеднаш стана и замина. Толку нагло, што му падна телефонот на излегување.
Па, можно е да го зедов. И можно е да му ги разгледав сликите. И да му прочитав некоја порака… Можно е да го чував телефонот на мистериозниот маж со денови – сè додека конечно не собрав храброст да го вратам.
Кога најпосле стигнав во неговата фенси компанија, тој одби да ме прими. Па, го оставив телефонот на едно празно биро пред канцеларијата на вообразеното ѓубре.
Ама можно е прво да сликнав една безобразна фотка со неговиот телефон.
Не очекував да ми пише. Не очекував нашите дијалози да станат толку проклето секси. Не очекував да ми се допадне кога бевме тооолку различни.
Но, знаете што велат за спротивностите. Кога најпосле се запознавме лично, откривме дека спротивностите не само што се привлекуваат, туку понекогаш и целосно се збудалуваат. Ништо на светот не можеше да ме подготви за него. Но, сите убави нешта имаат крај, нели?

Демнач во ноќта (Крис Картер) Неидентификувано женско тело пристигнува во мртовечницата во Лос Анџелес. Причината за смртта сѐ уште е нејасна. Таа нема видливи повреди и рани; освен тоа што најинтимните делови од нејзиното тело се зашиени со дебел црн конец. Но она што најмногу го шокира обдуцентот е фактот дека убиецот оставил нешто внатре во неа. Нешто толку монструозно, што детективот Роберт Хантер го тргаат од друг тековен случај за да ја преземе оваа истрага. За неколку дена се појавува второ тело. Исто како и првата жртва, и оваа е зашиена и има оставено нешто внатре во неа. Нешто подеднакво генијално колку што е гротескно. И убиецот не е готов, далеку од тоа. Кога случајно налетува на привлечната и страшно способна приватна детективка Витни Маерс, Хантер почнува да се сомнева дека убиецот истовремено држи по неколку жени во заложништво, бидејќи жената по која трага Маерс е пријавена како исчезнато лице, но сѐ уште не е една од жртвите. Роберт наскоро дознава дека гони вистински монструм; монструм чие минато крие уште помонструозна тајна.

Поврзани статии

Back to top button