Погрешно е се она што е настрана од љубовта, но не и од желбата…
Има едно посебно чувство на тага.
За неа не зборуваш, знаеш дека те чека под перница и мирно чека да дојде ноќ.
Јас ноќва неа вратите и ги отварам, ја пуштам да ме нападне со недостасување . Не ме остава ни да пуштам глас, па се штитам себе си со молк. Палам цигара по навика за утеха, тргнувам двапати од цигарата и веќе ја снемува. Палам уште една и уште една со надеж дека кај да е ќе се раздени, но реалноста е дека со секој дим од цигарата, голтам кнедли болка, тресејќи се и борејќи се да не ги извадам солзите на површина.
Ме фаќа носталгија.
Меланхонија.
Една сива сенка се вее пред моите црни очи.
Ги тера да пукнат.
Да се вжарат.
Да плачат.
Сега туѓ си.
Сега нејзе љубов си и.
Нејзе ќе ја фатиш за рака во ова врнежливо време. Наутро ќе ја разбудиш со реченицата: : “ајде заспана убавице време е да се станеш и да се разбудиш”, ќе ја гледаш со недефинирани локни, со бушава и несредена коса, ќе и се возхитуваш. Колку е посебна, колку е прекрасна ќе си речеш. Ќе и свариш утринско кафе, ќе разговарате долго додека да се расони,
ќе и бидеш потпора, ќе ја однесеш на сите убави места, онаму каде јас секогаш сакав да одиме заедно. Што ако ноќва знам дека чувство е мое, кога ми недостига нејзината среќа за да можам да ја почувствувам како своја? За да не се распарчам…откако си нејзин јас само за празнина знам, само таа ,,среќа” мене ми е позната, еднаш ме скрши на половина, сега никогаш повеќе нема да бидам цела, откако си нејзин заспивам лажејќи се себе си дека за нас не беше право време…дека бевме премногу тешки за ова време. Знаеш како велат: „понекогаш треба да им дозволиш на работите да се случат на свој начин и во свое време…се’ се случува со причина.“
Кога ќе успееш да ми ја кажеш причината заради која ме скриши, и покрај целото внимание и љубов кои ти ги пружив, тогаш навистина ќе поверувам дека сме се запознале во погрешно време, а до тогаш ќе верувам, со сета надеж што остана во мене дека ние во точно време среќа сакавме, но начините на кои љубевме беа погрешни, детски, незрели. Замислата за љубовта ни беше погрешна. Погрешно е се она што е настрана од љубовта, но не и од желбата. Ништо не е попогрешно на овој свет, од љубовта во погрешно време, на погрешно место, со вистинскиот човек.
Автор: Викторија Стојовска
Испратете и Вие ваш текст на info@ubavo.mk