Од насУбави муабети

Да му дадам ли време на времето, па тоа да одлучи што е најправилно?

Се чувствувам како да сум на раскрсницата на животот. Лево срцево, десно разумот. Каде да тргнам, што да послушам, кого да одберам, а да не погрешам. Не знам што е подобро за мене и тоа ме плаши. Срцево ме влече кон него, разумов ме двои од него. Од него ништо убаво не видов, а осетив љубов, или не е љубов тоа, не знам.

Тргни се, остави го, не си скоривај стари јадови ми вели разумот. Оди напред, без него убаво ќе ти е. Ќе се појави некој кој ќе знае да те радува, кој ќе ги брише солзите кои течеа за него, ќе те научи сама себе повеќе да се љубиш, бегај, оди напред, не застанувај. Од него аир немаш.

Срцево па, седи до него и како да ужива во болката и тагата. Како да не ја гледа реалноста. Неговото срце не ме сака, од авион се гледа, а моево па, збеснува по него. Чука со брзината на светлината кога ќе го здогледа. Неговата желба за момент станува и моја.

Што да направам? Со него да продолжам или сама на нов пат да тргнам? Да му дадам ли време на времето, па тоа да одлучи што е најправилно? Или да не губам време и да тргнам, да зачекорам по нов пат, светол и цветен полн љубов?!

Поврзани статии

Back to top button