Од насУбави муабети

Колку што сте постабилна и посилна жена толку потешко ќе најдете соодветен партнер за вас…

Колку што сте постабилна и посилна жена толку потешко ќе најдете соодветен партнер за вас. Ќе имате состаноци, ќе се забавувате на кратки патеки, ќе ве гледаат со воодушевување, но ништо повеќе нема да сакаат со вас. Површните жени се посреќни и посакани. Бидејќи, не е секој маж доволно силен за да може да биде покрај силна жена. Еве и зошто:

Силна жена со длабок ум поставува длабоки прашања. Многу мажи можеби и не се спремни да одговорат на тие прашања, па најлесно е да ве одбегнат. Дури и на првиот состанок ако поставувате длабоки и филозофски прашања тој ќе посака да нема втор состанок колку и да го привлекувате.

Умната и силна жена е секогаш искрена, дури и кога не смее. Таа не умее да игра тактички и да држи ритам топло-ладно. Ако нешто мисли и сака таа го кажува без око да и трепне. Таа својата интелегенција и позиција ја сфаќа сериозно, оти знае колку вреди.

Силната жена точно знае што сака а што не сака и не се срами од тоа. Додека слабиот маж се двоуми, таа станува мажот во неговите очи. Тоа го плаши и полесно му е да ја откачи за да не си го повреди своето его.

Силната жена не се плаши од зближување. Не ја плаши помислата да се даде некому ако вистински тоа го сака. Не знае да се двоуми и да трпи маж кој се двоуми.

Силната жена се што прави прави со интензитет. Тоа изгледа и звучи страшно за многу мажи.

Силната и паметна жена не знае да чека. Нема да чека да се одлучите и вие коцките да ги земете во свои раце. Ако не знаете да ја процените, таа ќе си замине.

Силните жени иако се во потрага по вистинска и искрена љубов тие не се плашат да бидат сами. Не зависат од никој и од ништо. А, често пати слабите мажи сакаат да се во позиција кога жената е слаба и зависи од нив.

Ако силна и стабилна жена заработува повеќе од својот слаб маж тој е подготвен да ја остави и после години и години поминати заедно.

 

 

Поврзани статии

Back to top button