Индискиот хороскоп се смета за непогрешлив: Астролозите тврдат дека овие 3 знаци ќе пливаат во пари до крајот на годината
Како и во западната астрологија, во индискиот хороскоп има 12 знаци, но разликата е во начинот на кој се мери времето.
Според толкувањето на 3 знаци, може да очекуваат голема среќа, пари и напредок.
VRISHA (Бик) 21 април – 21 мај
Под многу поволни влијанија сте и астролозите препорачуваат максимално да ја искористите оваа можност. Мудро ги искористивте сите патишта кои се отворија пред вас, па на крајот на годината ќе ги жнеете плодовите од вашата напорна работа и посветеност. Во наредните месеци ќе имате можност да заработите големи пари, но под услов да преземете иницијатива и да не чекате сигнал или одобрение од никого. Тајната на успехот е во ваши раце, затоа и немате причина да се плашите од ризик бидејќи сето тоа на крајот ќе ви се исплати.
MITHUNA (Близнаци) 22 мај – 21 јуни
Периодот до крајот на годината ќе биде еден од најуспешните во вашиот живот. Лесно ќе ги решите сите проблеми и ќе се спротивставите на предизвиците благодарение на вашиот брз и пргав ум. Пред вас е период на промена на работата и прифатете го со голем ентузијазам бидејќи ќе ви донесе финансиска сатисфакција. Грижете се за вашето здравје, особено во есенскиот период, бидејќи белите дробови се чувствителни, па затоа внимавајте на настинките кои можат да станат комплицирани. Ве очекуваат убави моменти и на љубовно поле, а вистинско време е да ја официјализирате врската, а венчавката да ја закажете за втората половина на октомври.
SIMHA (Лав) 23 јули – 21 август
Вашиот успех е запишан во ѕвездите и на вас е да го следите тој пат. Претходните месеци имавте повеќе можности за заработка, а до крајот на годината шансите ви се удвојуваат. Не мирувајте на ловориките, се уште не е време за опуштање. Сега е време за акција и реализација на сите оние планови кои ги имате долго време. Совет е да не брзате да донесувате одлуки, туку добро да размислите за секој чекор, бидејќи избрзаноста може да ве спречи на патот кон успехот и напредокот. Бидете мудри и немате причина да се грижите.