Убави книги и филмови

Потрошетe го времето квалитетно!

Квалитетно потрошете го времето, читајте! Погледнете ги денешните предлози на одлични книги кои се читаат во еден здив во продолжение.

Херој (Ронда Бирн) Ова е приказна зошто сте овде на планетата Земја. На некој начин сте посебни. Сте се родиле за да станете некој и да се занимавате со нешто според коешто сосема ќе се разликувате од сругите седум милијарди луѓе. Постои живот што би требало да го живеете и патување на кое треба да тргнете. Оваа книга зборува за тоа патување.

Што сакаш од мене, љубов? (Мануел Ривас) Тој е револуционерен автор во современата галициска литература, најпознатиот и најпреведуваниот галициски писател. Што му треба повеќе на еден човек од еден коњ, револвер и жена со име на цвеќе за да се почувствува цар – пишува Ривас, и само со една реченица како да ја опишува целата книга – еден свет од болка и љубов, видени со поглед чист како на дете а ексцентричен како на поет

Даблинци (Џемс Џојс Џојс) Ова не е само збирка раскази структурирана според етапите од човековиот развој. Замислата на Џојс била книгата да се чита како роман за развојот на градот, при што неговите жители растат од невиност до искуство. Сите тие се остра анализа на животот во Ирска на средната и на долната ниска класа, при што Даблин не е само нивна географска локација туку и емоционално и психолошко средиште.

 

Поврзани статии

Back to top button