Убави книги и филмови

Предлог книги за убав ден

За денес одбравме три супер интересни книги кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

Летото смени се (Сара Морган) Темпераментната Французинка Елиз има опасно лош ден. Не само што ѝ пропаѓаат плановите за отворањето на нејзиното сакано бистро, туку, згора на тоа, и Шон О’Нил е вратен во градот. Тие двајца минатото лето поминале една незаборавна ноќ заедно… и спомените сега навистина ѝ отежнуваат на Елиз да се држи до нејзиното строго правило: „не повеќе од една вечер со маж“! Нејзината глава знае дека Шон ќе замине кога-тогаш, па не ѝ преостанува ништо друго, освен да пробува да го игнорира своето срце пред да експлодира од копнеж по него. Од друга страна, враќањето во Вермонт – па макар и само привремено – е најстрашниот кошмар на хирургот Шон О’Нил. За него, враќањето во ресортот Снежниот Кристал значи принудно соочување со сите причини поради кои го напуштил, но особено со вината што ја чувствува за одбивањето на руралниот животен стил на неговото семејство пред многу години. Но дознавањето дека Елиз сега живее во Вермонт и дека од неа сѐ уште му зоврива крвта е добредојдена дистракција. Тој е во искушение да ја убеди на реприза од минатото лето, но истовремено, не може да заборави колку беа добри заедно и знае дека тоа ќе му го отежни заминувањето…

Џелатот (Крис Картер) Замислете го вашиот најголем страв… а сега замислете како го доживувате истото, како да се будите директно во вашиот најстрашен кошмар. Во црква во Лос Анџелес, на скалилата пред олтарот, наоѓаат тело на обезглавен свештеник. Трупот е внимателно позициониран во локва крв, со испружени нозе и рацете прекрстени на градите, а најстрашниот дел од целата глетка е тоа што главата на свештеникот е заменета со кучешка глава. Подоцна, форензичкиот тим открива дека на градите на жртвата со крв е начкрабан бројот „3“. Детективот Роберт Хантер на почетокот смета дека се работи за ритуално убивање. Но кога почнуваат да се појавуваат нови тела, принуден е одново да размисли за таа теорија. Сите жртви умреле од она од кое најмногу се плашеле. Нивните најлоши кошмари буквално се претвориле во реалност. Но како можел убиецот да знае? И што е тоа што ги поврзува овие жртви? Хантер тргнува во потрага по вештиот и садистички убиец, некој кој очигледно има моќ да ги чита мислите на жртвите. Некој кој претчувствува што најмногу ги плаши жртвите. Некој кој нема да дозволи ништо да го запре во реализирање на својата изопачена мисија.

Бронзениот коњаник 2 (Паулина Сајмонс) Руската зима го стега Ленинград со своите студени канџи, а германската опсада не попушта ни за миг. Татјана Метанова веќе носи воени трагедии на своите млади плеќи, но љубовта кон Александар, несудениот сопруг на нејзината сестра Даша, ѝ дава сила да се бори за иднината. Од една страна притиснати со моќната воена машинерија на Хитлер, од другата обесхрабрени од суровиот советски систем кој го претвора дури и обичното секојдневие во борба за опстанок, Татјана и Александар се наоѓаат на крстопат во историјата, пресвртен момент кој ќе го означи крајот на еден свет. Новата доба можеби носи ветување за поубав живот, но патот до него е тежок, а непрегледното море од опасности на секој чекор е доволно моќно и бурно за да ги потопи надежите на младите љубовници. Речиси хипнотизичарка уште од првата страница, па сѐ до самиот срцепарателен крај, оваа книга ја оживува приказната на една толку голема љубов што триумфира дури и над очајот на завојувана земја.

Поврзани статии

Back to top button