Убави вести

Јован Илиески: „Има и многу врсничко насилство, булинг, на оваа тема за кој што ретко некој зборува и не е сфатено сериозно. И колку само емотивниот свет на жртвата се менува и како таа почнува да го гледа светот низ нејзиниот хендикеп“

Јован Илиески, успешен, талентиран млад автор чии дела направија вистински бум на македонската книжевна сцена – на својот Инстаграм профил отворено и искрено заборува за проблемите со кои се соочил во најрана возраст.

https://www.instagram.com/jovaniliesky/

– Сега имам 24 години, а на мои 4 години, одејќи во градинка, предучилишна возраст по извесно време, се враќам дома и одеднаш почнувам да зборувам многу чудно. Моите се разбира дека биле загрижени, но мислеле дека е моментално и не е нешто сериозно. Денес го гледам како емотивна траума која што го зафатила мојот говор и како последица на тоа, цел живот пелтечам. Тоа е резултат на траума која што е предизвикана во детство. Ми требаше години и години за да сфатам што ми се случува и зошто баш јас, зошто не можам да говорам совршено како другите.

Денес има многу луѓе кои што се плашат да зборуваат на оваа тема, ограничени се, домашните не се заинтересирани во тоа да преземат нешто. Особено зборувам за помладите, малолетните, на коишто им треба поддршка од дома. Во суштина, тоа е едно од посериозните нешта со кои што сум се соочил во мојот живот. Мојот начин на говорење се покажа во текот на развојот да ми е пречка во многу нешта, кои пак, не беа пречка за другите мои врсници.

Има и многу врсничко насилство, булинг, на оваа тема за кој што ретко некој зборува и не е сфатено сериозно. И колку само емотивниот свет на жртвата се менува и како таа почнува да го гледа светот низ нејзиниот хендикеп.

Во текот на мојот развој сум имал мигови кога сум имал нешто вредно да споделам, ама не сум го правел тоа, затоа што сум мислел дека нема да сум сфатен сериозно само затоа што пелтечам, нема да бидам разбран од другите, туку само ќе бидам исмеан, вели Јован Илиески.

Заследете го неговиот Инстаграм профил.

 

Поврзани статии

Back to top button