Убави вести

Светските патници ги избраа најдобрите дестинации за 2018 година! Која е вашата омилена?

Париз беше прогласен за најдобра дестинација за оваа година, Лондон е на второ место, а Рим е на трето место.

Интересно, Њујорк, кој долго време беше омилена дестинација за светските патници, од петтото место во 2017 година, сега падна на десеттото место.

Победниците беа избрани користејќи алгоритам кој анализира милиони оценки и рејтинзи на хотели, ресторани и атракции, собрани повеќе од една година од светските патници на TripAdvisor.

Четвртото место на оваа листа беше Бали, потоа следеа Крит, Барселона, Прага, Маракеш, Истанбул и веќе споменатиот Њујорк.

Портпаролката на TripAdvisor Хели Колман вели дека патниците кои се со ограничен буџет а сакаат да одат во една од првите десет најактуелни дестинации треба да го посетат Истанбул.

 

 

Поврзани статии

Back to top button