Убави вести

„Еднакви права и можности за самохраните мајки“ проект на Една Може!

Во периодот од јуни – декември 2018., се одвива проектот на Една Може! единствената организација за унапредување на права за самохрани родители – „Еднакви права и можности за самохраните мајки“, кој во себе содржи истражување на #СкриеноСекојдневие, #ПравниЛавиринти и  #ПраваМожности кои се однесуваат на самохраните мајки кои ќе бидат проследени во експертска анализа од правен и родов аспект.

Во месец октомври, од прокетот ќе произлезат два јавни настани – Јавна расправа во Собранието на Р. Македонија и Национална Конференција посветена на истите прашања.

Информирајте се повеќе за нас на нашиот настан https://www.facebook.com/profile.php?id=505531979891927  и официјална страна на Една Може! https://www.facebook.com/profile.php?id=505531979891927

Прокетот е поддржан од Фондацијата Kvinna till Kvinna.

Оваа анализа претставува придонес во напорите да се создаде сопфатен аргументиран документ – темел на кој ќе се гради понатамошното обезбедување на еднакви стратни позиции за жените самохрани мајки и конкретно еднородителскиот семеен конструкт.

Оваа анализапретставува придонес кон унапредување на состојбата на самохраните мајки и специфичниот семеен конструкт и ќе биде основа за соодветен третман кон овие жени и нивните семсјства.

Целта е да се обезбеди основно разбирање за позициите на самохраните мајки, ретставнички на овој вид на семесјтва, да се истражат можности за преобмислување на правата и можностите преку измени и дополнувања на политики и мерки кои се однесуваат на нив.

Нужноста на оваа анализа ја согледуваме преку емпириски податоци од дојави и поплаки на самата целна група, кон Една Може! Низ детална истражувачка работа, детектирано е непостоење на никакви конкретни и специфицирани политики и мерки а со тоа и игнорантнос кон овие жени и семејства.

Потребата од континуирано унапредување на заонодавството, локално и национално, ја согледуваме преку податоци за рапидниот пораст на степенот на сиромаштија, неможностите за економска слобода и стигматизација од околината, кои се во согласност со извештаите и препораките од ЕУ во однос на родовата нееднаквост и дискриминацијата врз жените.

Оваа анализа е изработена преку соработка на граѓанската организација Една Може! – Скопје и Фондацијата Kvinna till Kvinna – Стокхолм, низ проектот „Еднакви права и можности за самохраните мајки“, 2018 година, во Скопје, Р. Македонија.

Искрено се заложуваме од оваа анализа да произлезе policy brief со препораки кои ќе трасираат понатамошни решенија кои нудат напредок на состојбата на жените самохрани мајки и еднородителски семејства, како и напредок на патот на остварување родова еднаквост и рава на жените.

Дороти Пачкова,

Претседател на Една Може!

Поврзани статии

Back to top button