Убави вести

Новогодишен ОНЛАЈН саем на книги!

Како и секоја година, така и оваа, издавачката куќа Сакам Книги организира 
новогодишен онлајн саем на книга на нивниот сајт http://sakamknigi.mk/. 
Годинава започнуваат од вторник, 12.12.2017, и сите нивни изданија ќе се 
продаваат со попусти од 10% до 50%, а нудат и бесплатна испорака за сите 
нарачки над 1.000 денари низ целата земја. Дополнително, за сите поголеми 
нарачки (над 1300 ден.) ќе следуваат чашки со празничен дизајн. 
Како најголем хит за зимава се најавува нивниот најнов бестселер, Зима со мирис на капини од Сара Џио, емотивна приказна за две жени кои живеат во Сиетл, едната во 1933, а другата во 2010 година. Едната е самохрана мајка, со тажна љубовна приказна зад себе, а другата се обидува да си го спаси бракот и да преболи трагедија. Иако навидум нивните животи немаат допирна точка, се покажува дека ги поврзуваат многу повеќе работи отколку што мислат. Зима со мирис на капини е светски бестселер преведен во 30 земји и воедно една од најпопуларните книги на авторката Сара Џио, која има сличен стил на Кристин Хана и Лусинда Рајли.

Поврзани статии

Back to top button