Од васУбави муабети
Траеш, како бесконечност која се повторува…
Траеш…како дождов низ улиците и сивилото во градот
Како недопиеното кафе во брзање
Траеш како срцебиење
И возбуда
Како растурена постела низ која имам соништа
Траеш, како бесконечност која се повторува.
Траеш.
Затоа што сѐ престанува некогаш
А ти…никогаш.
Маја Спасовска
Испратете и Вие ваш текст на info@ubavo.mk