Од васУбави муабети

5 серии кои вредат да ги изгледате!

Овие серии ги имам лично изгледано од почеток до крај и кај мене оставија убав впечаток, па се надевам дека и вам ќе ви се допаднат. 

Grimm – за љубителите на фантазиите и мистичните суштества, односно луѓе кои се претвораат во мистични суштества. Мене ми се допадна оваа серија бидејќи сум љубител на ваквите мистични и акциски серии и филмови. Ме тераше секој пат да погодувам во кое животно ќе се претвори некој човек, или кое животно е одговорно за убиството.

Onece upon a time – Малку поинаква приказна за нашите миленички од детсвото: Снежана, Заспаната убавица, Волшебникот од Оз и др. Интересна до крај. Те тера да ја гледаш без престан, зошто секогаш кога ќе заврши една епизода си велиш себе си „уф, но што ќе се случи потоа, морам да дознаам, па неможам да заспијам, ќе ме копка цела ноќ“. 

Dash & Lily – За љубителите на романса и комедија. Овие двајца ме оставија без здив со нивното интересно допишување.. Со нивниот муабет преку дневникот. 

Game of thrones – Верувам дека секој слушнал за оваа серија. Јас на почеток мислев дека не е нешто посебно, но потоа си реков колку сум се излажала, па јас ги обожавам ваквите серии. Омилена ми беше најмалата ќерка Арија, нејзината желба, нејзината енергија.

The last ship – Оваа серија носи една порака и јас ќе ја кажам само неа „После дождот секогаш доаѓа сонце“. „После лошото секогаш доаѓа доброто“. 

Даниела Стојановска

Испратете и Вие ваш текст на info@ubavo.mk

Поврзани статии

Back to top button