Од насУбави муабети

Другите нека бидат победници, јас го одбирам сопствениот мир!

Да се има внатрешен мир воопшто не е лесно, неодамна почнав да го ставам својот мир на прво место. Немам намера повеќе да се докажувам и објаснувам со луѓето, најважно ми е јас да сум свесна дека сум во право, а другите нека мислат што сакаат. Секој со своето, секој за себе, тоа да ви е животно мото! Заради другите не градам кариера, не уживам, а ниту тагувам. Секој што си прави за себе си си прави. Помагам кога можам и каде можам, но животни лекции и празни зборови не делам, ниту пак слушам. Можеби ќе речете дека станав безбојна, но, не е тоа воопшто лошо. Нека личи како сака, мене душава да ми е мирна, оти, не добивам ништо освен потрошена енергија објаснувајќи се со широката маса. Видов како е, лошо е, па застанав и свртев на нов пат. Пат кој ветува спокој и мир, пат кој го одам самата јас. Научив повеќе да слушам наместо да зборувам, јазикот поспор од умот ми бидна. Размислив дека со тоа што ги оставам другите да извојуваат победи јас сум посреќна и помирна. Работам на себе, на тоа да умеам вешто да ги контролирам своите слабости. Одлучив што ми е потребно за убав живот и се друго тргам на страна и решително чекорам напред!

Поврзани статии

Back to top button