Од васУбави муабети

Тогаш кога дождот ќе те поколеба да се откажеш од своите замисли и планови, твојот младешки дух остарел предвреме!

Тогаш кога дождот ќе те поколеба да се откажеш од своите замисли и планови, твојот младешки дух остарел предвреме. Во тебе има само малку љубов. Само малку љубов! Дождот и љубовта одат заедно. Бакнежи под дожд затскриени малку под некое романтично катче, или пак, фатени за рака и трчаш ко да сакаш да побегнеш, а и сакаш да се галиш со него и трчаш, а тој полека престанува. Како што капките запираат и волшебноста полека спласнува, адреналинот се губи, ја сфаќаш убавината на тој летен дожд. Остани и по него за да го видиш сонцето, а понекогаш и виножитото. Љубовта и дождот одат заедно, не заборавај. Не плаши се од дождот создаден за да ги расне нештата. Пролетта беше дождлива, нашата љубов беше сѐ поцврста.

Александар Алексов

Испратете и Вие ваш текст на info@ubavo.mk

Поврзани статии

Back to top button