Од насУбави муабети

Сфатив колку љубовта може да биде убава!

Пред него, излегував со најголемите фраери. Се тоа беа лоши момци кои обожаваа адреналински возења со мотор и можеа да испијат пиво во една вечер колку јас што пијам за цела година. Еден од нив ми беше се. Животот беше една бескрајна авантура. Секој ден, нивото на адреналин ми беше на највисоко можно ниво и живеев денес, не мислејќи за утре.

Се беше совршено, се до една кобна вечер кога мислев дека пред очите ја видов смртта. Носеше црна шамија и бела наметка. Се беше прекрасно до таа вечер кога поради неговото лудо возење, не излетавме од патот и животите ни висеа на конци.

Периодот на закрепнување беше процес кој траеше години. По извршената операција на колената, одново учев да одам. Ми требаа денови, недели, месеци, години додека да ги залечам раните. Барем малку. И тогаш кога мислев дека некои рани болат засекогаш, се појави тој.

И одеднаш ми покажа дека животот може да ми биде поинаков, ама убав. Сфатив колку љубовта може да биде убава.

Тој не обожава адреналински авантури кои можат да ти го зезнат животот.

Не сака да пие до раните утрински часови.

Не пцуе и не се тепа со други момци низ локали.

Би го поминал цел викенд гледајќи филмови, наместо да се журка.

Не мисли дека е млад за да биде татко.

Не се плаши од летање со авион, се плаши од налудничави шофери.

Би патувал до крај на свет со мене, ама не на мотор.

Ми остава да му допрам до душата. Не знае да глуми мангуп.

И сето тоа многу ми се допаѓа. Можеби некој ќе помисли дека сум заглавена во рутина со здодевен, но фин и мирен маж, но рутината не може да ми го одземи животот.

 

Поврзани статии

Back to top button