ЖивотУбави совети
4 состојки за спас: исчистете ги плочките за да блеснат како првиот ден
Не е тешко да се исчистат плочките! За керамичките плочки и фугите да бидат сјајни како првиот ден и да траат долго, направете ја следната смеса:
– 7 чаши вода (1,5 l)
– 1/4 чаша алкохолен оцет
– 1/2 шолја сода бикарбона
– 1/3 чаша сок од лимон
Растворете сода бикарбона во 1,5 l вода. Додадете сок од лимон и полека истурете оцет на крајот. Почекајте неколку моменти се да се соедини и спремни сте за чистење.
Со четка или сунѓер втријте ја смесата во фугите помеѓу плочките и ќе видите дека фугите побелуваат и плочките добиваат свеж и обновен изглед.