ЖивотУбави совети

Директорот на белодробната детска болница “Козле” советува како да ги да ги спречиме вирусните напади врз децата во овој период и како да му помогнеме на имуниот систем во справување со вирусите

Повеќе од двесте вируси може да предизвикаат настинка, вирусна инфекција или грип. Сега кога студените денови почнуваат да зачестуваат, вирусите се шират брзо и насекаде и во секаква средина, на пример во јавниот транспорт, колективите, градинките, трговските центри впрочем насекаде каде што циркулираат поголеми групи на луѓе и деца. Експертите тврдат дека бактериите и вирусите го наоѓаат патот до телото и го напаѓаат на различни начини. Секој вирус и секоја бактерија напаѓа на свој соодветен начин а детскиот организам се брани зависно од тоа колку му е силен природниот имунитет. Како што објаснуваат епидемиолозите, луѓето се инфицираат преку спутум капков пат кој е полни со вируси, и бидејќи во овој период од годината најголем дел од времето се троши во затворен простор, инфекцијата се шири брзо. Поради овие причини, треба да избегнуваме контакт со заболените и да работиме на зајакнување на детскиот имунитет. Настинките допираат до нас четири пати годишно, тие се непријатни, но, безопасни и, како по правило, се повлекуваат без последици. Некои луѓе ја нарекуваат настинката,поблага верзија на грип. Таа е најчеста од сите вирусни инфекции на горниот респираторен тракт, но често се идентификува со грип, кој понекогаш ги има истите симптоми, но е со поинтензивен и подолг тек. Како што рековме настинката ја предизвикуваат повеќе од 200 помалку патогени типови на вируси, кои се пренесуваат со капки, но и со директен контакт, и индиректно и преку допир на контаминирани објекти или играчки со кои децата се играат. Симптомите на настинката вклучуваат течење на нос, кивање, болки во грлото, кашлица и покачена температура која се јавува главно кај помалите деца. Симптомите постепено се смируваат и луѓето често погрешно мислат дека секоја настинка, вироза е слична на грип и дека е грип, но не е така. Како да им помогнеме на дечињата да не дојде до појавата на настинка и грип. Прво и основно мора да се превземат сите неопходни хигиенски мерки. Затоа, првиот совет е да ги миете рацете редовно, бидејќи тоа значително ја намалува можноста за внесување штетна бактерија или вирус во телото. Најлесен начин за ширење e допирање на контаминиран предмет или површина. Чувајте ги рацете подалеку од очите, носот и устата. Исто така, треба да ги искористите убавите временски услови и да ги изнесувате децата на свеж воздух. Исто така, внесувањето на свежо овошје и зеленчук го покренува имунитетот и затоа бидејќи е се уште во свежа состојба, треба да се користи колку што е можно повеќе пасирано, во вид на салата или свежо без зачини. Витаминот А, кој е есенцијален за еден детски имунитет се наоѓа во компир, моркови, им помага на белите крвни клетки да се борат против инфекции. Лимонот, портокалот, грејпфрутот, како и пиперките, брокулите содржат витамин Ц, кој ја подобрува апсорпцијата на железо од растителна храна и му помага на имунолошкиот систем да се заштити од болеста и да делува брзо. И витаминот Е, кој се наоѓа во ореви, семиња, печурки, зелка, се покажа одличен за борба против горните респираторни инфекции. Ќе ја напоменеме и улогата на бета глуканите во подигањето на имунитетот кај децата. Само ќе дадеме краток осврт на неколку нешта кои ќе ни помогнат во борбата доколку ги приметиме првите симптоми на некава си настинка. Што е она освен горе наведеното што може да повлијае на текот и правецот на самата состојба на имуниот одбрамбениот систем на детето. Витаминот Ц успешно ги намалува симптомите на настинка ,но неможе да го спречи вирусот да проградира. Ако давате 70 mg на ден и да додадете цитрус, ананас, зелка и брокула, тие ќе ги отклонат непријатностите како гадење, вртоглавица, чувство на слабост кои го придружуваат процесот на вироза , настинка или грип. Исто така можеме да направиме и аромотерапија , да го изинхалираме детето со некое есенцијално масло кое ќе му помогне во ослободувањето на дишните патишта и конгестијата на слузницата а со тоа дишењето ќе е олеснето. Масло од еукалиптус или ментол но околу 2 до 3 капки на 100мл топла вода. Покриваме главчето и инхалираме не повеќе од 2 до 3 минути. Сонот исто така е најбитното нешто за детскиот имунитет. Спиењето е клуч за нашето здравје и здравјето на децата. Истражувањата покажуваат дека спиењето т.е одморот на организмот допринесува да имунолошкиот систем функционира беспрекорно. Самото наспивање го воведува детскиот организам во подготвена одбрамбена способост. И како за крај вистинската исхрана ја надополнува и поттикнува подготвеноста на одбрамбениот механизам на еден организам. Јогурт, лук, зелензеленчук, агруми, риба и ореви сигурно ќе помогнат да се одбрани организмот од вируси оваа сезона. Избегнувајте храна која знаете дека може да наштети. Повеќе супи, чаеви, природни сокови, дури и зимница давајте на своите дечиња и не изложувајте ги на променливите температурни разлики и задржување на места каде има голема толпа на луѓе и деца, т.е во затворени простории каде има присаство на многу народ. Доколку се придржуваме кон овие совети можеме успешно да ја пребродиме оваа сезона која за нашите деца е ризична. Доколку продолжи една лоша симптоматологија да перзистира и покрај се превземено од ваша страна тогаш обратете се кај вашиот педијатар за понатамошен третман. Сепак има и препарати кои се имуностимуланси и имунодулатори кои можат да помогнат во оваа борба.

Др.спец. Ангелчо Андоновски – специјалист педијатар . Директор на детската белодробна болница Козле.

Поврзани статии

Back to top button