ЖивотУбави совети

19 неверојатни работи кои се случуваат во првата година на бебето

Во првата година од животот на вашето бебе можете да очекувате многу интересни работи.

Бебињата поминуваат половина од времето на спиење во РЕМ фаза, поврзано со сонување (во споредба со 25 проценти кај возрасните).

По околу шест недели, вашето бебе ќе може да оствари директен контакт очи во очи.

Од шестиот месец ќе се обиде да ги чита вашите усни.

Ќе користите „тон пелени“ – новороденче уринира на секои 20 минути, а тој интервал се зголемува на еден час за околу шест месеци.

Во просек, бебето расте помеѓу 2,5 и 3,5 сантиметри месечно.

Помеѓу шестиот и 12-тиот месец, пигментот меланин во очите на бебето се активира и бојата на очите станува трајна.

Првата „вистинска“ насмевка на бебето веројатно ќе се појави помеѓу петтата и седмата недела по раѓањето.

Бебињата се раѓаат без „чашка“ на коленото и ќе бидат потребни повеќе од шест месеци за целосно да се развијат.

Бебето може да дише и да голта во исто време додека не наполни седум месеци.

Во првите пет месеци, бебето ја удвојува родилната тежина.

Иако новороденчето може многу да плаче, ќе поминат меѓу еден и три месеци од раѓањето додека не се појават првите вистински солзи.

На возраст од една година, вашето бебе може да разбере околу 70 зборови.

Мозокот на бебето може да ја согледа музиката пред да ги разбере зборовите.

Срцевиот ритам на бебето ќе се намали од 180 на 115 отчукувања во минута до крајот на првата година.

Веројатно на девет месеци вашето бебе ќе знае да ви мафта.

До првиот роденден, мозокот на бебето ќе достигне 60 проценти од големината на мозокот на возрасен.

Повеќето новороденчиња ќе ја изгубат целата коса со која се родени до третиот или четвртиот месец.

Иако „бебешкиот разговор“ што го користите за да му се обратите на вашето бебе ќе ги изнервира вашите пријатели, тој всушност го поттикнува развојот на вашето дете.

Употребата на едноставен јазик, нагласените звуци и високите тонови му помагаат на бебето да ги научи зборовите побрзо и полесно.

Поврзани статии

Back to top button