Љубов понекогаш е да се ослободи некој, да се пушти да оди…
За раскинување е многу тешко да се одлучиме, особено ако не сме подготвени да продолжиме понатаму. Разделувањето со човек кој го сакаме, многу е болно, но некогаш е неизбежено.
Некогаш сакаме човек со кој не можеме да бидеме среќни. Нема никаква алтернатива, и колку и да се трудиме, единствениот начин е да се разделиме. Понекогаш е љубов да пушти некој да оди…
Раскидувањето со некој што го сакаме, не е воопшто лесно, но не е невозможно. Тоа е некогаш најдобрата опција за нас и за него/неа, љубовта е да го спасиме својот живот, како и неговиот/нејзиниот.
Но, пред да го направиме тој чекор неизбежно е да се осигураме во одлучноста дека сакаме да се разделиме. Цврсто да решиме дека не смее повеќе да си го трошиме времето. Задолжително е да ја разгледаме ситуацијата од сите страни, да се осигураме дека навистна нема ништо повеќе од љубов. Потоа, навистина да се разделиме и да го прекинеме секој контакт со бившиот партнер. па со ладна глава да размислиме и сфатиме што сакаме од животот и од следната врска.
Од љубов не се живее. Љубовта умира каде што нема разбирање и компромис…