Од насУбави муабети

Да се прости или не?

Знаете, тука нема потреба многу да си го измачувате мозокот. Духовната и психичката состојба на други луѓе не зависи од вас. Оној кој намерно ви направил зло, вашето простување не му е потребно. Тој живее само за себе, и не жали за тоа, бара уште некој за да го повреди…

А на оној на кого сте му простиле, можеби не ни знае за тоа. Секако, можете да му напишете или да му се јавите и да кажете “Ти простувам за се што направи” – и тоа засекогаш ќе го уништи односот.

Простете за да се разјасните со самите себе и со Бог. Доколку не можете да простите, заборавите. Трудете се помалку да се измачувате себе си мислејќи на спомените и болките од минатото. Потоа животот ќе ги стави сите работи на свое место. Заради тоа простувањето е лечење на својата душа. Еден вид психотерапија.

Простувањето апсолутно не се прави за другите луѓе, туку само за себе. За душевен мир и хармонија. За да живеете добро, да се радувате, мирно да спиете и да бидете здрави. Така да простувањето е многу корисно – за нас самите.

А, ако ве молат за прошка, простете. За да и другите луѓе се чувствуваат мирно и добро. Ако за прошка обично молат они кои не се криви за ништо…

Поврзани статии

Back to top button