Убави книги и филмови
Филм за убав ден
Колку приказни може да се раскажат во една ноќ?
Филмот кој го одбравме за денес е романтична драма во која двајца странци поминуваат една ноќ заедно. Откако Брук е ограбена и останува без својата чанта на железничката станица го запознава Ник, музичар кој се обидува да и помогне да ја пронајде својата чанта. Поминуваат цела една ноќ заедно, пешачејќи по улиците на Њујорк, откривајќи си ги еден на друг тајните, болките и стравовите. Дали ќе се разгори страста меѓу нив, ве оставаме сами да дознаете…
Филмот “Before We Go“ е режиран од Крис Еванс кој ја толкува и главната улога покрај Алис Ив.