Убави книги и филмови

Книги кои ќе ги читате со внимание од првата па се до последната страница

За денес одвоивме три супер интересни романси кои ќе ви го разубава денот. Ќе ги читате со внимание од првата па се до последната страница.

Брезите што шумеа крај Темза (Катерина Серафимовска) Сместен во инвалидска количка, седејќи пред прозорецот во својата крајбрежна вила во Брајтон, Англија, 65-годишниот професор по книжевност со полско потекло, Едвард Лијам Адамски, ќе им се наврати на своите стари спомени. Дури четири децении наназад, само за да ни ја раскаже приказната за младиот студент кој една пролетна ноќ, во Лондон, имал среќа да ја запознае жената на својот живот – девојката од високата класа по име Емили Стоунбриџ. Двајцата млади писатели ќе се впуштат во бурна љубовна врска, исполнета со многу страст и поезија. Но, тој ќе сфати колку многу ја сакал Ема дури откако целосно ќе ја изгуби, а таа ќе отпатува далеку, во Јужна Америка… Следува неговиот брак со нејзината родена сестра Беверли и нивната борба за да добијат деца, но и сите други необични перипетии на неговиот живот, додека времето неповратно тече напред и ги носи водите на реката Темза, некаде далеку. Сепак, без оглед на потребите на своето семејство – сопругата Беверли и посвоените близначки Холи и Фиона, неговата успешна кариера како професор на колеџот „Кингс“ во Лондон, но и сите други настани во животот, тој никако не може да ги заборави уникатните емоции што ги негува исклучиво кон Ема. Сè додека еден ден не открие дека има и возрасен, биолошки син по името Рафаел Паз.

Азбуката на мојот живот (Маријана Бобиќ Мојсиловиќ) Азбуката на мојот живот е роман во кој една напуштена жена минува низ најзначајните мигови од својот живот по азбучен редослед додека се обидува да се справи со паниката и неизвесноста предизвикана од исчекувањето на нејзиниот маж да се врати и да си ги собере парталите.

Сплеткарот Купидон (Џина Ардито) Кратка приказна за Св. Валентин. Понекогаш дури и на Купидон му треба малку помош… Виви Максвел ја води агенцијата „Купидон по порачка“ во Њујорк, која нуди уникатен сервис за изнајмување придружници. Кога богатата и згодна клиентка Ева Федерстон ќе им се обрати за да ù најдат придружник за зимската сезона во Менхетен, таа фрла око на најдобриот пријател на Виви, Себастијан Лоренс, познат како Бас. И Виви и Бас претходно се имаат изгорено во љубовта и не ни помислувале дека нивната врска може да биде повеќе од платонска. Но, наметнувањето на Ева го освестува Бас, терајќи го да сфати дека е, всушност, вљубен во својата најдобра пријателка – Виви. Сега, со помош на Ева, тие прават секакви сплетки за да ù помогнат на Виви да ја препознае љубовта што ја барала целиот свој живот, а, всушност, била постојано покрај неа…

Поврзани статии

Back to top button