Убави книги и филмови

Три книги кои ќе го променат вашиот свет!

За денес одбравме три супер интересни и возбудливи книги кои вредат да бидат прочитани.

Девојката која ја бркаше месечината (Сара Адисон Ален) Ова е приказна полна со слатка магија, приказна во која две изгубени девојки го наоѓаат своето место под месечината.
Емили Бенедикт доаѓа во Малабај, Северна Каролина, надевајќи се дека ќе реши барем дел од мистериите кои се вртат околу смртта на нејзината мајка. Но во моментот кога стапнува во куќата во која пораснала нејзината мајка, каде го запознава нејзиниот дедо – еден вистински чуден и неверојатно нежен џин – таа сфаќа дека мистериите во Малабај не се решаваат, напротив, тие овде се начин на живот. Тука собите се исполнети со тапети кои ги менуваат боите и сликите во зависност од твоето расположение. Овде необјасниви светла прелетуваат низ дворот сред ноќ. И соседите печат надеж во форма на торти.
Сите во Малабај ги обожаваат тортите на Џулија, а таа очигледно не може да престане да ги прави. Ги пече за да ги задоволи апетитите за слатко на градот, но исто така во надеж дека ќе ја врати љубовта за која се плаши дека би можела да биде изгубена засекогаш. 

Виконтот кој ме сакаше (Џулија Квин) Но овој пат, познатата озборувачка/колумнистка, Леди Вислдаун, не е во право. Антони Бриџертон не само што има одлучено да се ожени, туку веќе има одбрано и сопруга! Единствената пречка му е постарата сестра на неговата избрана идна жена, Кејт Шефилд – најголемата „запршка“ која некогаш шетала по улиците на Лондон. Безобразната девојка го излудува Антони со својата решителност да ја спречи свршувачката, но кога ги затвора очите ноќе, Кејт е жената која го прогонува во соништата, кои од ден во ден стануваат сѐ поеротски…За разлика од сите други, Кејт е убедена дека поранешните развратници НЕ стануваат најдобри сопрузи – а Антони Бриџертон е најразвратниот од сите. Кејт е решена да ја заштити својата сестра, но се плаши дека нејзиното сопствено срце е ранливо. А кога усните на Антони одеднаш ги допираат нејзините, почнува да стравува дека можеби ни самата нема да биде способна да му одолее на развратникот…

Четирите ветришта (Кристин Хана) Тексас, 1934. Милиони се без работа и невидена суша ги пустоши Големите рамнини. Фармерите се борат да ја зачуваат својата земја, воедно и својата заработувачка за живот, но жетвата пропаѓа, водата се суши, а прашината се заканува дека ќе ги закопа сите. Пристигнува еден од најмрачните периоди од Големата депресија… и тоа многу злокобно. Во ова несигурно и опасно време, Елза Мартинели – како и многу од нејзините соседи – мора да донесе претешка одлука: дали да се бори за земјата која толку ја сака или да замине на запад, во Калифорнија, во потрага по подобар живот. Четирите ветришта е страшен портрет на Америка и американскиот сон, низ очите на една нескршлива жена чии храброст и жртва ќе станат дефиниција за една цела генерација. Авторката на „Славејот“ и „Збогум најмила“ ни подарува уште едно епско дело за љубовта, хероизмот и надежта – во еден од најклучните периоди за Америка – Големата депресија.

Поврзани статии

Back to top button