Убави книги и филмови

Сабота е ден за добра книга!

За време на работната недела сите сме во трка со времето за да ги завршиме обврските навреме, но за викендот најдете време да прочитате некоја добра книга! Ви нудиме три романтични книги кои максимално ќе ве разнежнат!

Славејот – Кристин Хана Безвременска новела која ќе ве тера да ги голтате страниците без пауза. Приказна за издржливоста и храброста на жените која ќе ја помните цел живот. Сага за преживувањето и љубовта за време на војна што ќе ве натера да липате на глас.

Рајот може да почека – Кели Тејлор Луси Браун е на прагот на исполнувањето на својот сон. Треба да се омажи со човекот на нејзиниот живот: прекрасниот, згодниот, забавниот Ден… Тие се совршен пар кој не може да дочека остатокот од животот да го помине заедно. Но, судбината на Луси е поинаква. Таа не ја дочекува свадбата бидејќи ден пред неа умира додека се обидува да го најде идеалниот подарок за Ден.

Ти си тој што го сакам – Џована Флечер Тие се најдобри пријатели од детството; Меди, Бен и Роб – неразделни. Но љубовта менува сe. Кој ќе биде младоженецот, а кој ќе биде кум? Меди мора да донесе одлука, но дали ќе ја донесе правилната? Нејзиниот живот, а дефинитивно и животите на двајцата најдобри момци што ги познава, зависат од тоа…

Поврзани статии

Back to top button