Од насУбави муабети

Спонзоруша, недостижна, светица, девојка за една ноќ или добра девојка? Што мисли тој за тебе???

Постои тврдење дека секој маж, веднаш штом ќе престане да размислува за девојката како за пријател, се обидува да ја стави во една од десетте категории. Јасно ни е дека секој маж не резонира исто, но ако вака размисдлуваат барем 50% од мажите тогаш вреди да се размисли…

  1. Добра девојка – мажите ги почитуваат ваквите девојки, но не се сигурни дека сакаат да бидат со нив, затоа што се само добри…
  2. Секс за една ноќ – со онаа девојка која спиеле само еднаш тие сметаат дека е лесна девојка, и по еднаш спиела уште со многу мажи. Воопшто не му текнува дека со којзнае колку жени спиел он… Обично станува збор за многу привлечни жени кои се полни со самодоверба, а мажите од такви се плашат.
  3. Девојка за утеха – секој маж си има барем по една ваква девојка. Која умее да го утеши и развесели, но само на момент и ништо повеќе од тоа.
  4. Недостижна девојка – она е супер секси, супер убава и има супер работа. Поради тоа и приоѓаат само самоуверени и способни мажи, додека обичните смртници се плашат да и се доближат.
  5. Девојка која сама се залажува – обично ова се жени кои се фалат насекаде дека се најубави и најспособни, па мажите со задоволство им приоѓаат бидејќи точно знаат дека ваквите жени се жедни за внимание.
  6. Светица – она не сака ни да зборува ни да размислува за секс. Иако токму таа знае се за сексот глуми дека не ја интересира и не се разбира многу во тоа. Ваквото однесување мажите го толкуваат како преправање и тоа им изгледа дури и забавно…
  7. Материјалистка – таа е убава и забавна а дружењето со неа незаборавно. Но, има една голема мана, тешко е да и се удоволи и да и се приближи маж кој нема длабок џеб.
  8. Туѓа девојка – сите знаат за овој тип на девојки па затоа нема потреба да објаснуваме. Мажите едноставно се лепат за вакви девојки.
  9. Госпоѓица Совршена – ниту еден маж нема точна дефиниција, но штом изгубат глава по една жена таа автоматски во тој момент станува совршена. Нема упатство како да станете совршена девојка, затоа бидете искрени и отворени, тоа секогаш пали!

Поврзани статии

Back to top button