Од насУбави муабети

Ако ја сакаш, не ја уништувај!

Знам дека ја сакаш. Да не ја сакаше, немаше да бидеш со неа. Но, бидејќи си само човек, со променливи емоции, можеби во иднина ќе ја сакаш на погрешен начин. Здравата и среќна врска има голема можност да се претвори во деструктивна и тажна врска, доколку почнеш кон неа да се однесуваш на неубав начин и без внимание.

Сепак, јас искрено се надевам дека ќе почнеш да ја сакаш и цениш на вистински начин. Онака машки и силно. Дека свеста ќе ти проработи, дека ќе сфатиш дека е најважна. Сакам да се сетиш како ти изгледаше на прв поглед. Што разбуди во тебе. Колку планови кроеше за да ја освоиш. Што се направи да биде твоја. Дека таа ти беше се, се што тогаш посакуваше. Можеби те привлекла нејзината убавина, нејзината самобендисаност или нејзината искрена насмевка. Нејзината добра и мека душа, или нејзиниот остар и лут поглед. Не е важно тоа сега. Важно е дека токму таа поседувала нешто посебно. Во неа си нашол она што во друга не. Ти копнееше по неа.

Сакај ја. Негувај ја нејзината убавина, нејзиното меко срце и нејзината насмевка. Труди се за неа како на почетокот. Не е фер да се промениш од кога ќе ја освоиш. Таа си е господар на сопствената судбина, но потруди се да разбереш колку важна улога имаш ти кај неа. Од толпата тебе те избрала. Ако ја сакаш, немој да ја уништуваш.

Не заборавај дека претходно беше повредена. Не сака тоа повторно да го доживее. Биди и светла точка во мракот. Ѕвезда на небото. Го оставила минатотo зад себе и на љубовта повторно и дала шанса, само за тебе. Немој да ја изневериш. Немој да мислиш дека таа е книга и дека има свој крај. Размисли, ќе сфатиш дека таа не заслужува пекол. Биди тука, сега и одма. Немој да копнееш по минатото. Немој да и ветуваш иднина. Ништо повеќе не може да ја уништи врската од не присутност во сегашноста. Нурни се во нејзината душа како што би нурнал во океан. Помирисај ја, осети ја и разгали ја. Имај разбирање за неа. Имај и љубов. Ако ја сакаш, прифати ја со сите свои маани и доблести. Не менувај ја. Уживај ја таква каква што е. Своја, луда, дива, гласна и насмеана. Таа сака со тебе да биде иста онаква каква што е кога се гледа во огледало. И запомни ги овие работи

Ако ја сакаш на искрен и правилен начин таа никогаш нема да те заборави! Ако се однесуваш фино кон неа таа дупло ќе ти возврати. Ако и ја покажеш месечината, таа ќе ти ја покаже целата галаксија. Колку труд и да вложиш за возврат ќе добиеш тродупло. Ако ја сакаш, поддржи ја, таа истото за тебе ќе го направи!

Поврзани статии

Back to top button