Од насУбави муабети

Онаму каде што има многу љубов, има многу грешки – каде нема љубов, се сите грешки!

Неколку мудри и поучни мисли кои ќе ви го олеснат животот!

  • Најнесреќната желба е да посакаш да се допаднеш секому.
  • Прави го тоа што треба да го правиш и ќе се случи се што треба да се случи.
  • Големите желби треба да ги оствариш додека рамислуваш за малите.
  • Не го знам решението, но му се восхитувам на проблемот.
  • Треба да учиш и од непријателите.
  • За да го видиш виножитото треба да го осетиш дождот.
  • Не носи одлуки кога си лут. Не ветувај кога си среќен.
  • Постојат желби во кои постои тајна надеж дека тие нема да бидат исполнети.
  • Ако е тешко со пари, обидете се без нив.
  • И нови шини може да доведат до застој.
  • Онаму каде што има многу љубов, има многу грешки. Каде нема љубов, се сите грешки.
  • Првиот впечаток за еден човек е најверодостоен, бидејќи сè уште не знае што треба да сокрие од вас.
  • Она што не може да се поправи не треба да се жали.
  • Никогаш нема да направите ништо ако чекате идеални услови.
  • Човекот што седел на врвот на планината не паднал од небото.
  • Понекогаш, за да продолжите да живеете, треба да бидете многу лути.
  • Луѓето се како музички инструменти: нивниот звук зависи од тоа кој ги допира.
  • Самопочитта е како долна облека: мора да се има, но не мора да се гледа.
  • Ако волкот го изеде твојот непријател, тоа не треба да значи дека тој стана твој пријател.
  • Ако се плашиш, не работи, а ако не, тогаш не плаши се.
  • Ако се обидете, имате две варијанти: ќе успеете или нема да успеете. А ако не се обидете, тогаш една: нема да успеете.
  • Ако проблемот може да се реши со пари, тогаш тоа не е проблем, тоа е цена.
  • Ако врската треба да биде тајна, не треба да бидете во неа.
  • Ако не побараш, нема да добиеш.
  • Кога се плашиш да не испаднеш наметлив испаѓаш рамнодушен.

Поврзани статии

Back to top button