ЖивотУбави совети

Совети кои ако ги применувате ќе се будите поубави

Со вистинските совети за убавина кои треба да ги примените пред и за време на спиењето, ќе сфатите дека убавиот сон е всушност многу ефикасен.

Се разбира, првиот предуслов за убавина е 8 часа спиење. Не можете да очекувате да се разбудите убави и свежи ако сте ненаспани.

Сепак, постојат и некои трикови кои секако го подобруваат ефектот на убавината градена за време на ноќта:

1. Измијте се

Пред спиење, бидете сигурни дека темелно е измиено вашето лице и се отстранети сите траги од нечистотија, масти и шминката од кожата. Потоа нанесете ноќен крем на лицето, кој е дизајниран да обезбеди најдобра грижа за кожата додека спиете. Кремот треба да ја подмладува и регенерира кожата во текот на ноќта, но соодветна грижа пред спиење е од големо значење.

2. Спијте на грб

Знаеме дека е тешко да се промени начинот на спиење, затоа што секој има омилена поза, во која му е најлесно да заспие, но вреди да се обидете да спиете на грб.

3. Внимателно изберете ја перницата

Потребна ви е памучна и удобна перница која ќе ја менувате од 6 месеци до година дена. Редовно менувајте ги и навлаките, најмалку два пати неделно, бидејќи целата нечистотија која останува во малите пори се акумулира на нив, што со текот на времето може да ја оштети кожата и да предизвика појава на мозолчиња.

4. Според годишното време негувајте ја кожата

Кожата се менува од сезоната до сезона, исто како и во текот на еден месец. Во текот на зимата, најважно е хидратација, и се препорачуваат и масажи. Во топлите летни месеци, на кожата најдобро ќе и одговараат навлажнувачки креми и гелови.

5. Непрекинато спиење

Вашата спална соба треба да биде потполно мирна. Да не постои место со телевизор и други домашни апарати кои би можеле да го загрозат вашиот сон.

Поврзани статии

Back to top button