ЖивотУбави совети

Салата од компир по грчки рецепт

Ако сакате салата од компири, пробајте ја на поинаков начин.

Потребни состојки:
4 мали компири
1 голема краставица
1 конзерва сардини
маслиново масло
оцет
сол
бибер
свеж магдонос

Подготовка:
Компирите убаво измијте ги и варете ги во врела вода околу половина час. Во поголем сад ставете излупена и исечкана краставица во саканата форма, сардина исцедена од масло, варени компири исечени на четвртинки или помали, во зависност од големината. Нежно измешајте, прелијте со маслиново масло, зачинете со оцет, сол и бибер, повторно внимателно измешајте и на крајот посипете со сецкан свеж магдонос.

Поврзани статии

Back to top button