ЖивотУбави совети

Салата со бела ротквица за чистење на организмот!

Здрава и правилна исхрана, особено за гурмани, треба да вклучува бела ротквица. Природни антибиотици се наоѓаат во белата ротквица. Белата ротквица го чисти организмот и помага да се ослободиме од токсините. Има се повеќе и повеќе различни ротквици на нашиот пазар. Иако црвената ротквица најчесто можеше да се најде на нашите пазари, сега белата ротквица се наоѓа во скоро иста количина како и црвената. Свеста за важноста и влијанието на белата ротквица врз човечкото тело, ги натера производителите да ја понудат во поголема количина.

Инаку, карактеристичниот мирис и вкусот на ротквицата потекнува од есенцијалното масло од сулфур, кое има многу поволно дејство врз секрецијата на слуз од телото.

Даикон или бела ротквица одамна е ценет корен во источната кујна, така што речиси и да нема ресторани или домаќинства кои не го користат овој корен секој ден.

Белата ротквица има малку поблаг вкус од црната, па затоа е посоодветна за комбинирање со други видови храна, како со зеленчук, така и со месо.

Препораката на нутриционистите е да се комбинира белата ротквица со други зеленчуци и да се користи секојденвно во салати. Најдобро е да додадете рендан морков, црвена ротквица, целер, праз, лук и кромид во сурова бела ротквица. Плодот што оди совршено со белата ротквица е јаболкото. За салата подготвена на овој начин, најдобро е да користите сок од лимон или јаболков оцет, никако алкохолен.

Поврзани статии

Back to top button