ЖивотУбави совети

Пријателство со привилегии – да или не?

Пријателството со привилегии, некако, секогаш е табу тема во општеството. И без оглед на приказната, тоа е многу реално и често се случува, но едноставно не завршува таму… Овој вид на пријателство или ќе прерасне во силна емоционална врска, или пријателството ќе се распадне, како никогаш да не постоело. Па, во овој втор случај, навистина се прашуваме дали вреди да се уништи пријателство за емоционални допири?

На оваа тема, еден институт во Германија спроведе истражување, што покажа дека секој трет испитаник смета дека овој вид на пријателство е дозволен и дека нема ништо лошо во тоа.

Пријателството со привилегии очигледно го прифаќа голем дел од јавноста. YouGov наведува дека 60% од испитаниците веруваат дека постои ризик дека еден од оние кои се вклучени во машко-женско пријателство можеби ќе сакаат повеќе од пријателство со привилегии.

Дури и еден од пет испитаници веруваат дека пријателството меѓу мажот и жената не е можно, се вели во студијата. Сепак, секој друг испитаник смета дека нивниот поранешен партнер може да им биде добар пријател. Повеќето од испитаниците одговориле на истражувачите на YouGov дека ваквите пријателствата се случуваат во најголемиот дел на работните места.

Во студијата е наведено дека 45% од испитаниците изјавиле дека ги запознале своите пријатели со бенефиции на работа. Потоа, во средните училишта, факултетите, основното училиште или преку заедничко хоби.

Поврзани статии

Back to top button