Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Надица Бицева – Димитровски

Надица Бицева – Димитровски е жена која плени со својата креативност создавајќи уникатни парчиња накит и модни додатоци. Денеска, ја споделува со нас убавината на нејзиниот ден…

Креативноста е двигател во мојот живот во секоја сфера… Почнувајќи од мојата работа, начинот на размислување, уредување на домашниот простор, па се до омилената креативна содржина за мојот син. Така што, денот започнува во моето Ателје Креација, во моето катче за инспирација, креација, продажба и реализација на нови идеи за создавање на накит од текстил. Овој период сум максимално посветена на мојата нова колекција накит, дизајн и изработка и секако подготовки околу модниот едиторијал и околу содржината и дизајнот на каталогот.

По успешниот и реализиран работен дел од денот следува нова, дивергентна попладневна игра со мојот син, момент за релаксација, љубов и среќа. Вечерта е секогаш време или за долга фамилијарна прошетка или за прегратки и бакнежи пред омилените цртани јунаци.

Не постои универзален рецепт за живеење кој одговара за сите. Чевелот кој му е точен на еден човек, ќе му биде тесен на друг. И, да, мојот рецепт за убав ден ги содржи следниве состојки:
4 до 5 телефонски разговори и/или средби со моите најблиски
5 до 10 прегратки
1 голема лажица љубов
1 голема лажица надеж
1 букет цвеќе
100 гр. гумени бомбони

 

Поврзани статии

Back to top button