Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Горан Папаз

Рецептот за убав ден го споделува талентираниот музичар, Горан Папаз.

Ако денот по утрото се познава, здравиот сон ми е битен за денот да започне убаво.

Одма се вртам од десна страна да си ја видам женичката, разменуваме по една до две насмевки, и тоа е едно од поубавите работи кои не чинат ништо, а многу вредат.

Утринско кафе, здрав доручек и позитивни мисли постојано да се вртат во глава бидејки добрата мисла е допинг на телото.

Дружба со мојот инструмент најмалку 2-3 часа, ако дојде некоја музичка идеја, веднаш се запишува и кој знае, можеби од тие неколку ноти ќе се направи нова песна утре.

Телефонска проверка (без исклучок, секој ден.) дали сите во фамилијата ми се живи здрави, каде се, што прават и после сите овие работи денот не само што започнал убаво, тој трае до доцните часови и заспиваш со убава мисла до следниот ден.

Имајте убав ден, користете го овој рецепт. Не е скап, а е многу здрав.

Поврзани статии

Back to top button