Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Наташа Стојановска

Харизматичната новинарка, Наташа Стојановска со нас го споделува рецептот за убав ден и ритуалите кои ја прават среќна.

Наутро, додека го пијам утринското кафе, најчесто зборувам на телефон, со личност која одамна не сум ја слушнала или пак со личност која често се слушам но поради дневните обврски, разговорите се претворени во службени. Но, затоа преубаво е чувството кога некому ќе му се јавите само за да го прашате: Како си?
Пробајте, ќе Ве изненади реакцијата на луѓето, кои во денешницата поради трката со времето, како да се заборави на една друга страна на животот.
Тоа за мене е убав начин да се почне денот, кој потоа со оглед на динамичната професија што ја работам, не се знае ниту кога, ниту како ќе заврши.
Секако за убав старт на денот, фино е кога утринското кафе ќе биде испиено со драга личност.
А најубаво е кога мојата внука ќе ме разбуди за викенд со барање да го оставам телефонот и да имаме забавен ден.
Иако обврските не секогаш дозволуваат убаво е кога утрото ќе стартува со пилатес, јога вежби. Можам да кажам слободно дека нема ништо поубаво од тоа денот да стартува со професионален тренинг. Пред извесен период во 7 часот наутро вежбав пилатес а потоа се враќав дома да се подготвам за работа, и верувајте, денот беше поубав и поенергичен. Но, секако тоа значеше и порано заспивање навечер.

Поврзани статии

Back to top button