Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Елена Пренџова

Денешниот рецепт за убав ден со вас го споделува поетесата Елена Пренџова. Уникатна и неповторлива, креативна и позитивна!  

Денот секогаш ми почнува со благодарност и среќа што сум се разбудила со шансата за уште еден ден од животот – најдобар сиктер на апатијата. Го оладувам лицето и го дочекувам изгревот на сонцето (станувам рано, без никакви ритуали). Ги смогнувам сите сили за претстојниот долг ден – излегувам рано од дома, се прибирам касно дома. Во меѓувремието на денот не заборавам да (про)читам книга, изгледам епизода од серија, филм или некое предавање или емисија на јутјуб, напишам нешто креативно и да „прочешлам“ културните вести локално и глобално. Напати помислувам и на состојбата на жените кај нас и во светот… Знае да ме стегне болка в гради за мојот род… Секој ден имам барем еден предизвик во денот што треба да го совладам – слатка задача на која самата сум си инструкторка. Во ноќта заспивам задоволна од сите радости и стресови од денот – линијата на животот никогаш не е рамна. Рецепт за убав ден? Самите си правиме денот да ни е убав, онака, како што би рекол Шекспир, како што си милуваме. Притоа не смееме никогаш да заборавиме – она што не нé убива, нé прави посилни.

Поврзани статии

Back to top button