Рецепт за брзи и вкусни колачиња со лимон
Брз и супер едноставен рецепт за десерт со лимон. Денес, подгответе колачиња со лимон за вас и вашите најблиски.
Потребни состојки: 3 јајаца, 150гр брашно, 3 лимони, 220гр шеќер, 60гр путер, лажица прашок за печиво, шеќер во прав и сол.
Загрејте 50гр путер и оставете го да се оладиИзматете ги јајацата со 120гр шеќер, сокот и ренданата кора од еден лимон и малку сол. Додајте 140гр брашно измешано со прашок за печиво и путер. Добро измешајте. Смесата сипете ја во 6 мачи калапи за колачи, добро намастени и набрашнети, и печете на 200 степени 5 минути. Потоа намалете ја температурата на 180 степени и продолжете со печење уште 15 минути. Ставете 2дл вода да зоврие заедно со останатиот шеќер и варете го 2-3 минути. Додајте ги двата останати лимони, исечени на тенки кришки и варете ги на тивок оган 1 минута. Исцедете ги парчињата лимон. Извадете ги печените колачиња и оставете ги да се оладат. Кога ќе бидат ладни посипете ги со шеќер во прав и декорирајте ги со тркалцата од лимон.