ЖивотУбави совети

Овој совет за машината за перење ќе ви помогне да ја намалите сметката за струја на половина и да заштедите пари

Има толку многу домашни работи што ги правите секој ден, а не ни сфаќате дека постои едноставно решение за машината за перење што може да ви заштеди пари. Особено кога сите можни поскапувања се во полн ек.

Домаќинот и експертот за штедење Кајл Грант споделува фантастичен совет за машината за перење. Сè што треба да направите е да ги промените поставките и да ја намалите температурата на машината.

Поладна температура е сосема доволна за да се отстрани нечистотијата ако перете алишта што не се толку валкани.

Грант објасни дека префрлањето од 40 степени на 30 степени заштедува 38 проценти од енергијата годишно, така што веднаш ќе ја намалите сметката за струја на половина. Таа додаде дека спуштањето до 20 степени заштедува дури 62 отсто од енергијата.

Освен што ќе заштедите пари, овој начин на перење ќе ви го олесни и перењето на облеката по боја.

Поврзани статии

Back to top button