ЖивотУбави совети

Маска од мед и кокос за лекување на оштетена коса

Кога станува збор за здравјето и убавината, кокосовото масло е еден од најкорисните природни лекови што нуди мноштво здравствени придобивки, е прифатливо и сосема природно.

Кокосовото масло одамна е докажано корисно во козметиката. Се додава во производите за нега на тело, лице и нокти, но најголем ефект има на косата веќе при првите третмани.

За да ја направите вашата коса мека и мазна, направете маска од кокосово масло и мед.

Ставете 2 лажици ладно цедено кокосово масло во сад и загрејте во микробранова печка 20 секунди.

Потоа додадете 2 лажици мед и мешајте додека не добиете еднолична маса.

Нанесете ја маската на малку влажна коса и оставете ја најмалку 40 минути, а потоа измијте ја со шампон.

Користете ја оваа маска еднаш неделно и нема да мора долго да чекате за фантастични резултати.

Поврзани статии

Back to top button