ДомУбави совети
Обезбедете го домот и просторот во кој работите со позитивна енергија!
Овие слики ќе ви дадат идеи и ќе ве инспирираат како од кактусот или од прочуеното чувар куќа да направите уметност во домот. Разиграјте ги, комбинирајте бои, додадете шарени камчиња или песок во боја. Во саксии, во стаклени садови, во необични шолји засадете ги нека ви го красат и чуваат домот. Едноставно направете рај за очи. За овие ратсенија одамна е познато дека се заштитници на домот и на позитивната енергија. А овие декорации се и одлична идеја како да ги израдувате и пријателите. Направете за себе, но, и за некој близок и подарете го со насмевка ова мало, слатко задоволство за очи!