ЖивотУбави совети

Дали разговарате со себеси?

Ако имате чувство дека вашиот живот е тотален хаос, сте западнале во негативни мисли, сте се пренатрупале со негативни емоции тогаш има начин како да го подобрите вашето ментално здравје – преку разговор со самите себе и тоа на глас! И правете го ова често!

„Разговорите со себеси или со замислено другарче не тераат да размислуваме за себеси на еден поинаков начин, односно онака како што некој друг би размислувал за нас. Тоа ни помага да се дистанцираме од проблемот што од друга страна води до опуштање на телото и умот од стрес, контрола на емоциите и побрзо изнаоѓање на решение за проблемот!“ – смета д-р. Џејсон Мосер, професор по психологија на Универзитетот во Мичиген.

Тој советува оваа техника да ја практикуваат сите кои се соочуват со некаков проблем за да се чувствуваат подобро, но и за да го намалот стресот, најголемиот човечки непријател на овој век и причината за многу болести.

Поврзани статии

Back to top button